ВИДЕО | Покажа луксузен стан во Њујорк, луѓето се изненадени: „Цената е за цела зграда?“

ЕРИК КОНОВЕР, американски актер и креатор на содржини, снимил луксузен стан во Њујорк. Тој објави неколку видеа на TikTok, а едно од нив собра 32 милиони прегледи за само една недела. Многумина не можат да поверуваат колку е цената на станот.

@erikconover

Part 2 | $54,600,000 Billionaires Row NYC Penthouse full tour, who’s moving in? #newyork #nyc #luxuryrealestate #newyorkcity #realestate #billionaire #architecture

♬ original sound – Erik Conover

Имено, на 76 кат на облакодер во Њујорк со поглед на Централ Парк се наоѓа пентхаус кој чини неверојатни 54 милиони долари. 

Станот се простира на два ката. Кога ќе излезете од лифтот, веднаш влегувате во дневната соба, која нуди поглед на најпознатиот парк во Њујорк. Станот има четири спални соби, четири бањи, голема тераса, гардеробер и канцеларија.

„Тоа дефинитивно не е за оние кои се плашат од височина“, вели Ерик во видеото.

Зградата располага со базен, спа центар, фитнес…

Но, она што се чини дека има најголемо влијание врз цената на овој стан е зградата во која се наоѓа. Во зградата сите станари имаат на располагање се што има во луксузен хотел – теретана, голем базен, спа центар, сауна и фризерски салон. 

Корисниците на TikTok се изненадени што станот е толку скап. „54 милиони за еден пентхаус, не цела зграда?“, „И да имам толку пари, повеќе би сакал да живеам во куќа во мирен дел од градот. Ме плаши глетката од пентхаусот“, „Ова е буквално стан од 20 милиони долари, само со поглед на Њујорк, цената е превисока“, „Богатите не се плашат од височина, нели? некои од коментарите се под видеата.