ВИДЕО | Поранешниот втор човек на Доналд Трамп мета на потсмев на Интернет – Мајк Пенс сакајќи да го нападне Џо Бајден направи ‘будала’ од себе, погледнете!

Републиканскиот претседателски кандидат Мајк Пенс e исмеан на Интернет откако објави видео од кампањата во кое се преправа дека точи гориво на бензинска пумпа.

Поранешниот потпретседател на САД објави видео на социјалната мрежа Твитер за да ја нападне администрацијата на Џо Бајден поради високите цени на бензинот. Видеото е прегледано повеќе од три милиони пати.

Се сеќавате ли дека бензинот чинеше два долари за галон ? Потоа Џо Бајден стана претседател на Соединетите Американски Држави и ја започна својата војна против енергијата“, вели Мајк Пенс во видеото.

По објавувањето на видеото, коментарите повеќе се фокусираа на неговата лоша глума отколку на потсетување на пониските цени, а потоа следуваа и коментарите дека не знае да користи бензинска пумпа односно да наточи гориво.

Републиканецот од Индијана очигледно не успеа да го избере типот на гориво пред да го извади цревото, поради што пумпата постојано звучеше додека тој зборуваше за зголемените трошоци за гориво и електрична енергија и за неговиот план да ја поправи ситуацијата.