ВИДЕО | Прадедо возел 150 километри за да му донесе снег на својот правнук кој никогаш не го видел

Прадедо и прабаба на едно момче возеле речиси 150 километри за да може нивниот најмлад член од семејство да си игра на снег. Рас Фурс и Керол Нелсон го ставија снегот во задниот дел од нивниот камион и се возеле од езерото Ероухед до плажата Хантингтон, САД.

По два часа возење, трудот се исплатеше. Мајката на момчето, Џеси, ја снимила реакцијата на нејзиниот син на снегот.

“Тој уживаше. Неговите браќа Џејкоб и Адам исто така играа. Сите беа стуткани, трчаа, направивме дури и мал снешко. Картер за прв пат во животот почувствува снег и беше воодушевен од него”, рекла таа. Реакцијата на момчето на снегот можете да ја погледнете во видеото подолу.