ВИДЕО | Протече снимката од безобразното однесување на браќата Јокиќ: Погледнете како ја провоцираа иконата на Лос Анџелес Лејкерс – Џек Николсон, а тој во свој стил ‘ладнокрвно’ ги одмина!

Браќата Јокиќ привлекоа огромно внимание во „Крипто Арената“ (поранешен „Стејплс Центар“) во Лос Анџелес

На социјалните мрежи се појави видео од вербалниот судир на браќата Јокиќ со познатиот холивудски актер Џек Николсон по третиот натпревар од финалната серија на Западната конференција помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс.

Нагетси ги совладаа Лејкерси на гости и поведоа со 3:0 во финалната серија, а Страхиња и Немања Јокиќ заедно со сопругата на Никола, Наталија, во живо во „Крипто Арената“ го следеа големиот триумф на тимот на Никола Јокиќ.

Најверните обожаватели на центарот на Денвер Нагетс беа крајно емотивни во секој момент од натпреварот, а по големиот триумф, Страхиња и Немања решиле да го „испровоцираат“ најпознатиот навивач на Лејкерс – легендарниот актер Џек Николсон.

Џек Николсон
Џек Николсон

Најпрвин познатиот американски новинар Вик Ломбарди откри дека по натпреварот биле забележани прозивки од браќата Јокиќ кон познатиот актер, а сега се појави и видео кое ги потврдува неговите зборови.

На видеото јасно се гледаат Немања и Страхиња како се „борат“ со холивудската легенда. Во еден момент Немања со насмевка го „пцуеше“ Џек Николсон, додека Страхиња му мавна со раката на верниот навивач на Лејкерс и му порача: „Се гледаме следната година“.

По нивните провокации, Џек Николсон, во негов стил, смирен и опуштен ја напуштил салата, а ова го потврдија и американските спортски новинари.