‘Контраверзниот’ полски судија ќе ја дели правдата во финалето на ЛШ: Го ‘распнаа’ поради одлуките во финалето на СП, а сега е назначен за главен арбитар во Истанбул

Финалето од најелитното фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите ќе се одигра на 10. јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, помеѓу Манчестер Сити и Интер, а правдата ќе ја дели трио полски судии на чело со Шимон Марчинијак.

Ова ќе биде прво финале за Шимон Марчинијак во улога на главен судија.

Полјакот е познат и по тоа што го судеше финалето на Светското првенство во Катар, во кое се сретнаа Аргентина и Франција. Во тоа време неговите одлуки предизвикаа бројни контроверзи, пред се за навивачите од Франција.

Европската куќа на фудбалот УЕФА, денес исто така одлучи кој ќе ја дели правдата и на финалето од Лига Европа помеѓу Севиља и Рома, а тоа ќе биде Англичанецот Ентони Тејлор, натпреварот да се игра на 31. мај во Будимпешта во „Пушкаш“ арената.

Кога е во прашање Конференциската лига, на 7. јуни во Прага меѓу Вест Хем и Фиорентина, працдата ќе ја предводи Шпанецот Карлос дел Серо Гранде.