ВИДЕО | РАЗРЕШЕНА Е МИСТЕРИЈАТА ЗА СТРАШНОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ПРАГА – Нови детали за убиецот: “Сега знам зошто ја носеше таа гитара секој ден…“
Во Чешка помина националниот ден на жалост по незамисливото злосторство што во четвртокот минатата недела го изврши 24-годишниот студент Дејвид Козак на Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Чарлс“ во центарот на Прага.
Граѓаните со едноминутно молчење им оддадоа почит и им изразија сочувство на преживеаните. Знамињата беа спуштени на половина копје, а напладне се слушаа црковните ѕвона.
Откако утрото Дејвид Козак го убил својот татко во семејната куќа во Хостун, тој се упатил кон Прага на Филозофскиот Факултет, каде што застрела 13 луѓе и ранил 25 и на крајот се самоубил.
Чешките власти се уште го истражуваат мотивот за нападот. Сите жртви биле убиени во зградата на Универзитетот „Чарлс“, а некои од нив учеле и со напаѓачот. Според полицијата, напаѓачот имал огромен арсенал оружје и муниција.
Тамошните медиуми носат нови детали од масакрот кој го шокираше светот. Тие пишуваат дека убиецот секој ден со автобус патувал на факултет во Прага и дека во последно време превезувал оружје во ташна за гитара, но тоа секако никој од неговите сопатници не го знаел. Полицијата соопшти дека тој постепено собирал оружје со кое планирал да го изврши масакарот.
Снегот и мразот ја нагласуваат болната атмосфера во родното место на напаѓачот. На жителите на Хостоун им е тешко да се помират со фактот дека убиецот го однел својот арсенал оружје од нивното место во факлутетот со кој очигледно планирал да изврши уште поголеми ѕверства. Полицијата ја објави информацијата дека оружјето го пренесувал со јавен превоз.
Еден сосед докажува дека биле во право.
„Дејвид Козак и јас одевме во Прага со автобус три пати неделно. Во последно време носи ташна за гитара, но не знаев дека свири ништо. Мене ми беше чудно“, опишала соседката за медиумите.
Во шок се и луѓето од околината бидејќи вакво нешто никој не замислил ниту во своите најлуди соништа.
„Тоа беше мирно, угледно семејство. Живееа повеќе за себе, особено таткото на Дејвид Козак, Станислав. Мајката и сестрата секогаш беа љубезни и пријатни, а тој самиот беше пристојно момче“, се согласуваат соседите и се изненадени.
„Тие се грижеа каков човек ќе стане Дејвид Козак. Таткото беше строг со него, сакаше да биде одговорен и вреден – без забави и девојки, мораше да учи, да учи и да учи“, вели еден од блиските соседи.
„Тоа е страшно. А ние сме само соседи, не можеме ни да замислиме како им е на оние кои беа директно погодени од тоа“, заклучуваат тие.
Дојде одговор и на друго прашање кое ја држеше будна јавноста: Каде била мајката на напаѓачот во моментите на хорор ?
Според познаници, Романа Козак во четврток требало да го подготви домот за Божиќ, но непланирано морала да оди на работа. Тоа веројатно и го спасило животот – велат соседите. Засега никој не може да утврди каде била сестрата на Дејвид Козак во моментот на убиството и пукањето и дали се уште живее со семејството. Мајката вчера успеала да се врати дома со полициска придружба. Според медиумите, семејството добива закани, а полицијата е загрижена за нивната безбедност.
Извор близок до семејството изјавил дека мајката е во тешка состојба.
„Таа е во многу тешка состојба под надзор на психолог, и дадоа седативи, целосно е потресена и уништена“, вели изворот за медиумите.
Вчера пристигна потврда дека за двојното убиство извршено седум дена пред масакрот во Прага може да биде одговорен и Дејвид Козак.
Според Pražsky deník, балистичката анализа утврдила дека пиштолот што го користел убиецот во шумата Клановицки во близина на Прага, каде што биле убиени бебето и нејзиниот татко, бил пронајден во куќата на убиецот од Филозофскиот Факултет.