ВИДЕО | Роналдо направил гримаса на лицето и ги „преврте очите“ додека Горгина зборувала за новинарите

Интересната сцена помеѓу Кристијано Роналдо и Горгина Родригез во Мадрид насмеа многумина.

Имено, славниот фудбалер неодамна започна бизнис поврзан со производство и продажба на алкална минерална вода наречена Урсу 9, а на промоцијата на неговиот нов производ во Мадрид камерите снимија гримаса на лицето на Роналдо.

Роналдо и Горгина можат да се видат во краткото видео кое се прошири на социјалните мрежи, а вниманието го привлече „превртувањето со очи“ и гримасата на лицето на фудбалерот за тоа што го зборува неговата партнерка.

Странските медиуми пренесуваат дека Роналдо всушност направил фаца откако Горгина одговорила на прашањето дали ќе се омажи за Роналдо.

„Се разбира“, одговори Џорџина.

Сепак, како што наведуваат, Роналдо е изненаден зошто Георгина воопшто зборувала на оваа тема со новинарите.