ПОВЕЌЕ ОД 50 ПОВРЕДЕНИ- Деца во Сомалија си играле со граната, таа експлодирала и убила 27 од нив

Голема трагедија се случи во Сомалија во која 27 лица, претежно деца, загинаа откако експлодирала граната со која си играле.

Најмалку 27 лица загинаа, а 53 се повредени во петокот во близина на сомалискиот град Кориоли во регионот Долна Шабел, потврди државната новинска агенција.

Катастрофата се случила додека децата си играле со неексплодирана граната, која ја користеле завојуваните фракции во Сомалија.

Абди Ахмед, заменик окружен комесар на Кориоли опиша како се случила несреќата.

„Децата си играа со минофрлачка граната која не експлодира. Таа експлодираше врз нив. Дваесет од нив загинаа, а други беа повредени“, изјави тој вчера пред новинарите, по што бројот на загинатите продолжи да расте.

Тој исто така нагласи дека на локалните власти им е потребна помош од владата и нејзините агенции за расчистување на областа од мини и гранати.