ВИДЕО | Северина во стилот на Меган Маркл ги маѓепса сите на Миконос – пејачката во атрактивно издание бредизвика бура на социјалните мрежи

Пејачката Северина Вучковиќ е една од најбараните ѕвезди во регионот. Таа моментално е на грчкиот остров Миконос и се одмара откако објави две нови песни.

Како што сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, таа уживала во друштво на најпознатиот Турчин на Миконос и не крие колку и е драго што се виделе „лице в лице“.

Тивко дојдов на прсти“, напиша хрватската пејачка и предизвика прилично бурна реакција на социјалните мрежи.

Сепак, можеби повеќе од нејзиното друштво на луксузната дестинација, вниманието го привлече нејзината модна комбинација која зрачи со женственост и сексапил.

Северина се одлучила за бел фустан со мини должина од швајцарскиот бренд  Jalize , кој ги открива сите можни (не)совршености на телото.

Погледнете ја нејзината комбинација ОВДЕ.

Длабокото деколте и ромбоидните шлицови во пределот на стомакот ја направија оваа креација уште попривлечна. 

Наизглед обичен бел фустан, благодарение на деколтето и гореспоменатите шлицови, стана еден од најинтересните модели кои можете да ги носите во текот на летото. 

Со овој фустан Северина носела мала црна чанта од брендот Channel, а може да се забележи и црната нијанса на влечките на модниот бренд Hermes  кои Меган Маркл често сака да ги носи.

Погледнете го целосниот изглед на Северина ОВДЕ.