Мостот на Западна Морава, на патниот правец Слатина – Мрчајевци, кај Чачак, утрово се урна во екот на обилните врнежи од дожд и поројните поплави што ја зафатија Србија во последните денови.
Мостот беше оштетен пред две години кога голем бран од поплава го однесе столбот на мостот. Оттогаш, преминувањето преку мостот е забрането за тешки товарни возила, но оваа одлука не се почитува.
Поради нови оштетувања, мостот беше целосно затворен за сообраќај. Сега кога мостот се урна, над 20.000 жители на Мрчаево и неговата околина немаат алтернатива да ја преминат реката, но се принудени да одат по подолг пат, преку Краљево и Чачак.
Поплавите во Србија предизвикаа големи штети на инфраструктурата, а жителите на неколку места мораа да бидат евакуирани од своите домови. Прогласена е 51 вонредна состојба.