ВИДЕО | Смешниот гаф на Карло Анчелоти за време на прес-конференцијата кој стана хит на Интернет: “Господе, што зборувам ?“

Тренерот на Реал МадридКарло Анчелоти, на вчерашната прес-конференција го најави натпреварот со Алавес. „Кралевите“ оваа сезона мака мачат со повреди, па Италијанецот е принуден да ги смени позициите на играчите за да ги комплетира стартните единаесет. Овојпат, поради тешките повреди во одбраната, на стоперската позиција ќе мора да дојде Аурелиен Чоамени.

Во најавата за оваа промена, Карло Анчелоти направи смешна грешка нарекувајќи го својот играч со погрешно презиме односно – Чуаменинг. Набрзо сам ја сфатил грешката и со насмевка продолжил со прес-конференцијата, а овој момент можете да го погледнете ОВДЕ. Очигледно е дека Карло Анчелоти ги поврза Чоамени и Камавинга бидејќи и двајцата не сакаат да ги менуваат природните позиции во средниот ред.

Чоамени не сака да игра како стопер, Камавинга исто така не сака да игра лев бек, но во итни ситуации можат да ни помогнат. Секако, иднината на Французите во Реал Мадрид е во средниот ред“, ова се зборовите на италијанскиот стручњак.

Реал Мадрид оваа сезона навистина нема среќа со повреди, а во моментов стоперската позиција е критична. По неодамнешната повреда на Давид Алаба, која ги скина неговите вкрстени лигаменти, а имајќи предвид дека поради истата повреда веќе отсуствува и Едер Милитао, Карло Анчелоти немаше друг избор освен да ги смени позициите на своите играчи.