ВИДЕО | Сопругот ја обвинил сопругата дека не прави ништо низ куќата. Нејзината одмазда стана вирална

ТИКТОКЕРКАТА Линдзи Донели на една социјална мрежа откри дека нејзиниот сопруг и рекол дека не прави ништо низ дома. Поради ова започнала штрајк со тоа што не чистела, а снимила и видео во кое покажала како би изгледала нејзината куќа доколку не ги извршува домашните работи.

Во видеото кое собра повеќе од 15,3 милиони прегледи, таа откри дека наместо да чисти, отишла на дводневен одмор со своите пријатели. Кога се вратила, ја пречекала облека натрупана на каучот, трпезариската маса преполна со валкани чинии, играчки на подот и крпи расфрлани низ бањата. 

„Тажно е што мораш да се докажуваш вака. Ќе продолжи да се прави дека не забележува“, „Еве зошто немам трпение за мажите и зошто сум сингл“, „Како успеа да создаде таков хаос за само два дена?“, „Развод“ , се само дел од коментарите под нејзината објава.