Македонската репрезентација во 3Х3 загуби од Чешка во четвртфиналето од квалификациите за ЕП

Македонските баскетџии попладнево во Братислава загубија од Чешка со 21:18 и не успеаја да се пласираат во полуфиналето на квалификациите за Европското првенство.

Ервин Цого постигна 11 поени и беше најефикасен играч на натпреварот но тоа не беше доволно нашата репрезентација да го избегне поразот.

Во првото четвртфинале Франција со убедливи 22:10 славеше победа над домаќинот Словачка.

Останатите четвртфинални двојки во машка конкуренција, се:

Австрија – Грција (почеток 15:40 часот и

Полска – Босна и Херцеговина (16:05 часот).