ВИДЕО | СРБИЈА ‘ГОРИ’ – Дали Александар Вучиќ во синоќешната емисија го навести до вчера незамисливото: “Немам проблеми со членовите, но овие стаорци…“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на српската телевизија Хепи, во емисијата „Ќирилица“ чиј водител е Миломир Мариќ.

Водителот Миломир Мариќ на почетокот на емисијата ги демантираше приказните дека емисијата е снимена утрово, а претседателот ја напуштил државата, пишува српски Курир.

Во емисијата, на инсистирање на Александар Вучиќ, беше прикажано и вознемирувачко видео од Јутјуб кое наводно го гледал детето монструм – Коста К.

Претседателот на Србија додаде дека главната вест во регионот е дека – „Александар Вучиќ испадна будала бидејќи ја коментираше маицата“, мислејќи на маицата која ја носеше Урош Б. (21 г.), момчето кое направи голем крвав поход и уби осум лица во Младеновац.

Но, она за што Србија зборува дене е – дали Александар Вучиќ случајно навести во емисијата дека неговата партија Српската напредна партија (СНС) е брод што тоне, политички проект кој, за кој како што вели и самиот тој – „стаорците го напуштаат“.

Секогаш први стаорците те напуштаат, мислат дека го напуштаат бродот мислејќи дека имаат шанса да преминат на другата страна… Немам проблем кога некои симпатизери го прават тоа, тоа е нивно право. Дури и дел од членството. Но, кога тоа е направено од директори на јавни претпријатија или нивни најблиски соработници, сопружници…“, кажа српскиот претседател во емисијата.

Потсетуваме, во Србија веќе извесно време се шпекулира дека српскиот претседател не само што планира да ја напушти Српската напредна партија, туку планира и да формира нова политичка партија или движење. За српските медиуми уште во март беше потврдено дека Александар Вучиќ го започнува формирањето на Народно движење за државата

Важно е да се формира блок на нормалност и пристојност – српскиот блок. Не мислам на национално, туку и на граѓанско и национално, и на блок на пристојност што ќе им се спротивстави на двете“, велеше тогаш Александар Вучиќ. Тој додаде дека е важно да се формираат движења во центарот кои „немаат газди во странство“.

Владимир Ѓукановиќ, функционер на Српската напредна партија, на социјалните мрежи ги повика членовите на партијата да се свртат кон работата за формирање нова партија, подготовка на основачки акти, собирање потписи, организирање на основачкото собрание и усвојување програмски цели и статути. 

Ни претстои голема работа“, изјав Владимир Ѓукановиќ.