ВИДЕО | СРБИЈА ИЛИ РУСИЈА !? Погледнете го изгледот на униформата на началничката на полицијата кој предизвика лавина негативни реакции во соседството: “Кое знаме е тоа !?“

Весела Миловановиќ, началничка на полициската управа во Смедерево, Србија, привлече големо внимание со гостувањето на локална телевизија и стана ѕвезда на социјалните мрежи, пишува Nova.rs.

Но, не поради нејзините изјави, туку поради необичните детали на нејзината свечена униформа.

Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, а реагираше и српскиот полициски синдикат „СЛОГА“, кој ја обвини за – „нарушување на угледот на полицијата и кршење на службените должности“.

Минатата недела во свечена униформа на ‘Телевизија Смедерево’ гостуваше началничката на Смедерево, Весела Миловановиќ. Темите на емисијата беа масовните убиства во Србија и разоружувањето на српските граѓани. Она што им падна во очи на гледачите на емисијата беше елементарното непознавање на Правилникот за униформи, ознаки и опремата на полициските службеници што ги носеше началничката“, се наведува во соопштението и се додава:

Шефицата мораше да го знае редоследот на боите на српското знаме и како се ставаат еполетите на рамениците. Во овој случај гледачите можеа да видат дека редовите се наопаку, а знамето на Србија е превртено наопаку, па личеше на знамето на Руската Федерација. Со таквото однесување на началничката на полициската управа Смедерево направи полесна повреда на службената должност пропишана со член 206 став 1 точка 5 од Законот за полиција“, велат од полицискиот синдикат.