ВИДЕО | СРПСКИТЕ МЕДИУМИ ПОД КОНТРОЛА НА СНС ВО ПАНИКА – Ова е документарецот што го разбесни Александар Вучиќ

Документарниот филм за претседателот на Србија – „Ja, Aleksandar: Državni Gambit“ предизвика остри реакции кај Српската напредна партија (СНС) и прорежимските медиуми, кои тврдат дека се работи за општ напад врз Александар Вучиќ кој може да резултира со негово и убиството на неговото семејство.

Филмот беше објавен на телевизија N1 во четвртокот вечерта, истиот ден кога во Србија започна предизборната кампања за парламентарните избори. Документарецот всушност не открива ниту носи ништо ново за Александар Вучиќ, туку само критички ја прикажува неговата триесетгодишна политичка кариера преку архивски снимки и изјави на истакнати историчари, политиколози, адвокати и новинари.

Во пет чинови – раѓање на злото, убивање на медиумите, патрицид, косовскиот завет и времето на владеење, поглед наназад во историскиот контекст, политичката биографија на Александар Вучиќ и неговата способност да ја жртвува иднината, човековите права и граѓанските слободите, Косово, политичките татковци, сопствената идеологија, демократијата и Србија. Од една страна, филмот зборува за владеењето на човекот кој автократски ги воде сите сегменти на државата повеќе од 11 години, а од друга, е сага за пустошот предизвикан од таквиот режим“, вака телевизијата со седиште во Белград го претстави речиси двочасовниот документарец потпишан од новинарките Јована С. Полиќ и Сања Лончар.

Александар Вучиќ постојано ги тестира границите и ги проширува, поради неговото авторитарно владеење. Ова важи за медиумите, но подеднакво и за луѓето во неговата партија, дури и за министрите, кои ги третира како слуги“, вели францускиот новинар Жан Арно Деренс во документарецот.

Иако изборите се распишуваат во општеството како можност за промени, тука се распишуваат избори за да се осигура дека работите ќе останат исти“, додава Ерик Горди, професор по политичка и културна социологија во Англија, додека Борис Тадиќ, поранешен претседател на Република Србија, го нарече Александар Вучиќ – „демагог и популист“.

Тоа е повеќе за еден вид постојан спин во медиумите, за контрола на јавната сфера, за контрола на јавниот наратив. Тоа е постојано создавање и правење скандали, создавање тензии или на некој начин искористување на овие тензии“, тврди Бодо Вебер, политиколог и аналитичар од Германија.

Документарецот во целост можете да го погледнете во продолжение:

Во документарецот се појавија и историчарката Дубавка Стојановиќ, новинарот Раде Радовановиќ, новинарот од Црна ГораЖељко Ивановиќ и Сенад Пеќанин, поранешен новинар и адвокат од Босна и Херцеговина.

Александар Вучиќ не сакаше да им даде интервју на авторите на филмот, но затоа СНС по прикажувањето изјави дека тоа е „валкана кампања против Србија“ во која не се избираат средства. 

Ова е лов на еден човек кој повеќе од една деценија се бори секој ден за подобар квалитет на живот на секој граѓанин“, изјави за Blic.rs министерот за финансии Синиша Мали.