ВИДЕО | СТРАШНА СНИМКА КРУЖИ НА ИНТЕРНЕТ – Гром удри и усмрти две лица на позната плажа

Страшната сцена е снимена овој понеделник на плажите во Аквила, Мексико, а на видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како гром удира две лица.

Жртвите на овој шокантен настан се локален продавач и една туристка.

На видеото се гледа точниот момент во кој овие две лица ги удри гром и потоа паѓаат во песокот. 

Овој инцидент ја шокираше локалната заедница и предизвика голема загриженост за безбедноста на посетителите на плажата во областа.

Градоначалничката на Аквила, Хозе Марија Валенсија, го потврди идентитетот на жртвите и изрази сочувство до семејствата на погодените. Според неа, продавачот бил родум од Текоман, општина во соседната држава Колима, додека жената била туристка и потекнувала од државата Гуанахуато.