Момчињата итно биле пренесени во болница
На социјалните мрежи кружи страшно видео од плажата Монтонес де Изабела на северниот брег на Порторико .
Го гледаме моментот кога гром удира во три момчиња од САД (7, 10 и 12 години) и тие паѓаат на песокот како покосени.
Друго видео покажува група случајни минувачи кои се обидуваат да ги реанимираат момчињата кои изгубиле свест откако добиле струен удар.
Претставникот на Управата за вонредни ситуации, Карлос Круз , вели дека родителот на едно од децата отишол да земе шише со вода кога удрил громот.
„Прво удри, а потоа децата врескаа“, објасни тој.
Момчињата итно биле пренесени во болница во блиската Агуадила. Седумгодишното момче изјави дека нема чувство во нозете, но дека е во стабилна состојба.
За жал, состојбата на 12-годишното момче е опишана како критична, пишува Дејли Мејл.