(ВИДЕО) „ТАЈВАНЕЦОТ ОСТАНАЛ БЕЗ ЗБОРОВИ“ : Го посетил Балканот, доживеал ГОЛЕМА НЕПРИЈАТНОСТ, а кога видел што прават луѓето не можел да поверува

Млад човек од Азија кој се нашол на Балканот за време на престојот во Босна снимил видео кое набрзо станало вистински вирален хит, бидејќи во една ситуација покажал каков е навистина Балканот .

Тајванецот Стив Лин, односно „ Стив Тајванец“ како што самиот се нарекува, бил пријатно изненаден од луѓето во Зеница, кога во една ненадејна и непријатна ситуација ја запознал топлината на Балканот.

Имено, тој неодамна свирел на улица во тој град, но во еден момент ветрот му ги однел парите. Случајните минувачи веднаш му пришле на помош и му помогнале да ги врати парите во торбата за гитара.

Пријатно изненаден, уличен музичар од Тајван снимил видео од настанот, кое потоа го објавил на Инстаграм.

“Никој не се обиде да украде ништо. Ми го стопливте срцето. Ви благодарам Босанци. Ви благодарам браќа и сестри. Вие сте моето срце, јас сум Босанец. Сите застанаа и ми помогнаа. Сите само дојдоа и ми ставија пари во чантата “, напиша меѓу другото во вирално видео кое од вчера собра речиси 5.000 лајкови.