ОВА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИ: Сопругот не го тргал погледот од телефонот, па сопругата решила тешко да се пошегува со него (ВИДЕО)

Видеото само на Инстаграм доби 514.000 лајкови

Мажите кои поминуваат многу време со мобилен телефон, наместо со семејството, често се „на удар“. Без разлика дали ги занемаруваат своите партнерски или родителски обврски, обично следуваат многу критики. Една жена, знаејќи колку време троши нејзиниот сопруг на телефон, сакала да се пошегува со него. Така настана видео кое насмеа многумина на социјалните мрежи.

Видеото само на Инстаграм доби 514.000 лајкови и голем број коментари.

– Не поднесувам луѓе кои се зависни од мобилни телефони.

– Жално е што телефонот му е поважен од сопругата и детето…

– Оваа маска е навистина страшна дури и да е на дете, а камоли на кукла.

– Моментот кога се исплаши од куклата кога таа скокна е епски!

– Гледам и се смеам веќе по петти пат!

– Врвна шега! – коментираат луѓето кои го гледале ова видео.