ВИДЕО | Тепачка за време на програма во живо – политичар нападнал новинар, телохранители влетале и го ‘згазиле’ човек среде емисија – погледнете!

Во емисија на либанската телевизија МТV дошло до жестока тепачка меѓу поранешен владин министер и новинар.

Водителот на ток-шоуто „Време беше“, Марсел Ганем, беше домаќин на поранешниот министер Виам Вахаб, познат по неговите блиски врски со Хезболах и новинарот Симон Абу Фадел, чии ставови често се согласуваат со ривалската партија на либанските сили.

На тепачката во програмата во живо и претходеше дискусија за американските санкции наметнати на Виам Вахаб и моментот кога Симон Абу Фадел рекол дека – „САД ги дисциплинираат Либанците“.

Виам Вахаб потоа го нападнал новинарот, а неговите телохранители од публиката веднаш влетале внатре. Симон Абу Фадел падна на подот додека неколкумина непрекинато го удараат со тупаници додека целата ситуација не била прекината од преносот.

Припадниците на либанските вооружени сили пристигнале во просториите на телевизијата за да ја преземат контролата над ситуацијата. Емитувањето подоцна продолжило, при што Виам Вахаб им се извини на гледачите пред да го замоли Марсел Ганем да замине од студиото.