ВИДЕО | ДРАМАТА НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ РОДОС ГО ДОСТИГНА ВРВОТ! Повеќе од 30.000 луѓе итно се евакуираат – Грција не памети вакво нешто досега – погледнете

Големата операција за спасување на луѓето од областа Киотари и Лардо на грчкиот остров Родос, каде беснее огромен пожар, се уште трае!

Локалните медиуми јавуваат дека со помош на крајбрежната стража и пловните објекти на грчката морнарица ќе бидат преместени повеќе од 30.000 луѓе. Во Линдос веќе пристигнале првите автобуси со стотина туристи кои престојуваат во хотелите во околината, а полицијата соопштува дека на околу 15.000 луѓе им е наредена итна евакуација.

Акцијата за спасување се спроведува и од областа Лардо. Туристите се превезуваат со четири брода на крајбрежната стража и повеќе од 30 приватни пловни објекти, како и брод на морнарицата и хеликоптер на крајбрежната стража. На располагање е и еден туристички брод.

Крајбрежната стража вели дека повеќето луѓе веќе заминале.

Ситуацијата на Родос стана драматична бидејќи силните ветрови што дуваат во областа го отежнуваат гаснењето на пожарот веќе пет дена. Пожарот стигнал и до три хотелски комплекси лоцирани во јужниот дел на Родос.

Според грчките медиуми, пожарот од воздух го гаснат два хеликоптери и три авиони. Има и специјален хеликоптер Mi-26 кој Јордан го испрати во Грција за да се бори со шумските пожари. На островот веќе пристигнаа 32 пожарникари од Словачка и 13 противпожарни возила со екипа од Романија.

Проблемот е што авионите и хеликоптерите можат да работат само додека не се стемни.

За потсетување, петти ден по ред беснеат пожари на островот.

Заменик-началникот на противпожарната служба Јанис Артофиос денеска изјави дека пожарот на Родос е најсериозниот пожар со кој се соочила Противпожарната служба.