“ТОЈ ЖИВЕЕ ВО МАЃЕПСАН КРУГ!“ – Со помош на вештачка интелигенција се проценува тежината на Ким Џонг-ун – резултатот е прилично вознемирувачки !?

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најверојатно тежи повеќе од 140 килограми, според проценката на вештачката интелигенција, соопшти во средата јужнокорејски пратеник.

Здравјето на севернокорејските лидери обично е врвна државна тајна, но често се шпекулира за здравјето на сегашниот лидер Ким Џонг-ун, за кој се верува дека има 39 години, бидејќи многу пуши, очигледно се здебелил и има семејна историја на кардиоваскуларни проблеми.

Јо Санг-бум, член на парламентарната разузнавачка комисија на Јужна Кореја, кажа дека се верува дека Ким Џонг-ун има „сериозно“ нарушување на спиењето, цитирајќи го разузнавачкиот извештај дека Северна Кореја интензивно ги собира најновите медицински сознанија за лекување на несоница за него.

Силно контролираните државни медиуми на Северна Кореја ретко го спомнуваат здравјето на нејзиниот лидер, но во март весникот Rodong Sinmun објави дека Ким Џонг-ун работи до 5 часот наутро, наведувајќи дека е навикнат да работи ноќе, објави јужнокорејската медиумска агенција Yonhap.

Таткото на КимКим Џонг Ил, почина во 2011 година од срцев удар.

Јужнокорејската разузнавачка агенција ја следи можноста Ким да западне во ‘маѓепсан круг’ на зголемена зависност од алкохол и никотин и влошување на несоницата со оглед на огромните количини странски цигари и грицки увезени во земјата“, рекол Јо Санг-бум.