Најмалку 11 загинати во невреме во Бразил

 Најмалку 11 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати во невремето што го зафати јужниот дел на Бразил.

На крајот на неделата циклон ја погоди државата Рио Гранде до Сул, на границата со Уругвај и Аргентина.

Според најновиот новиот биланс што денеска го објавија локалните власти, од загрозената област се евакуирани 602 лица.

Повеќе од 2.000 домови беа оштетени во циклонот.