Герасимовски: По цели 13 години го реактивиравме ОК „Работнички Скопје 71 & 22“

По 13 години, Општина Центар повторно го рестартираше функционирањето на одбојкарскиот клуб ОК „Работнички Скопје 71 & 22“, информираат од општината.

– Големо е задоволството да гледаш како еден клуб повторно изгрева и запишува нови победи. ОК „Работнички Скопје 71 & 22“ веќе почна да освојува, сениорите од Прва државна лига со учество во плејоф го освоија четвртото место. Шампиони станаа во Јуниорска конкуренција 2004, освоија Второ место Кадетско првенство и шести се во пионерската лига. Им посакувам големи успеси и полни трибини, изјави градоначалникот Горан Герасимовски, пренесуваат од Општина Центар.

Екипата на „Работнички Скопје 71 & 22“ има репрезентативци во сите категории а Општина Центар ги повикува сите заинтересирани млади луѓе да му се приклучат на клубот.