ВИДЕО | ТОЈ БЕШЕ НАЈГОЛЕМО БЕБЕ ВО СВЕТОТ – Влезе во Гинисовата Книга на Рекорди со 7,3 килограми при раѓање, а погледнете како изгледа денес

Американецот Кевин Кларк е роден во 1983 година во Њу Џерси, а при раѓањето имал нереални 7,3 килограми. Тој влезе во Гинисовата Книга на Рекорди како најголемото бебе родено во таа американска држава и едно од најголемите досега во светот.

Неговата мајка Патриша Кларк била шокирана кога го видела својот син за првпат. Таа веднаш се пошегувала дека ќе мора да купат нова облека за „џиновското бебе“, бидејќи таа што му ја подготвиле е премала.

Кевин Кларк денес има 41 година, а растејќи секогаш бил повисок од сите деца со кои бил во друштво. На само 12 години тој беше висок 170 сантиметри, а само неколку години подоцна бил до 195.

Денеска е висок 205 сантиметри и тежок 136 килограми. Тој вели дека луѓето често го запираат на улица, бидејќи е импресивна глетка за речиси сите.

Единствените тешкотии што ги чувствува Кевин Кларк се тоа што неговите автомобили се премногу тесни, тушевите се премногу ниски и често мора да се наведнува за да влезе во одредени простории.