Судот во Тирана му го продолжи куќниот притвор на Сали Бериша: Поранешниот премиер на Албанија е обвинет дека му “средил“ зделка на зетот тешка 5,4 милиони евра

Специјалниот апелациски суд во Тирана претходниот ден ја потврди одлуката за продолжување на куќниот притвор на поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша.

Одлуката ја донела судијката Иљирјана Олдаши со која притворот е продолжен од 30. декември.

По одлуката на Апелација, адвокатот на поранешниот премиер Генц Ѓокутај изјави дека одбраната ќе се жали до Врховниот суд, објавија албанските медиуми.

Поранешниот премиер Сали Бериша (79 г.) е најстариот опозициски функционер во изминатите три децении кој се соочи со обвиненија за корупција и организиран криминал од страна на Специјалниот суд.

Сали Бериша е под истрага за наводната корупција што ја направил со неговиот зет Џамарбер Малтези, кој е обвинет дека на незаконски начин примил 5,4 милиони евра од градежна фирма, благодарение на неговиот свекор“, соопшти специјалниот апелациски суд на Албанија.