Трогателна снимка од Грција стана хит на социјалните мрежи. Имено, пожарникарите и помогнале на срната среде пожарот и и дале вода. Овој гест е доказ дека пожарникарите во најтешките моменти помислуваат и на животните, кои сигурно би угинале во пожарите да не беа тие. Видеото го објави Piraeus Press, а многумина во коментарите ги пофалија пожарникарите и им посакаа среќа на граѓаните на Грција.
Пожарникарите во Грција се борат да стават под контрола 82 шумски пожари низ целата земја. Повеќе од 30.000 луѓе се евакуирани поради пожарот на Родос. Пожари се разгоруваат и на островите Евија и Крф.
Властите предупредија дека битката за задржување на пламените јазици ќе продолжи уште неколку дена. Официјалните лица стравуваат дека ова може да биде најлошиот топлотен бран од летото 1987 година.
Компанијата Maxar Technologies вчера објави сателитски фотографии на кои се гледа страшното уништување предизвикано од пожарите на Родос.