ВИДЕО | Урнебесна снимка од тренингот на Реал Мадрид: Лука Модриќ доживеа ‘несреќа’, а соиграчите пукнаа од смеење

Расположените фудбалерите на Реал Мадрид го дочекуваат вечерашниот натпревар против Рајо Ваљакано во шпанската фудбалска лига. Гостите нема да му бидат безопасен ривал на „Кралскиот клуб“ на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, но во моментите на опуштање на последниот тренинг пред натпреварот, избраниците на Карло Анчелоти покажаа дека се уште се многу расположени. Како да не бидат, кога со евентуална победа можат да го преземат врвот на табелата во Ла Лига.

Се уште не е целосно јасно дали Карло Анчелоти вечерва од првата минута ќе му даде шанса на Лука Модриќ. Сепак, на последниот тренинг пред натпреварот доживеа мала незгода. Тој се обиде со нога да стигне до тешка, висока топка и се лизна и падна на задникот. За среќа при падот немало повреди, а неговите соиграчи не се воздржувале од смеење. Всушност, на некои фудбалери им беше толку смешно што почнаа да си ги стискаат стомакот, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.