ВИДЕО | Фабриката на „Фајзер“ во Северна Каролина погодена од торнадо – Уништени 50 илјади палети медицински материјал за вакцини против Ковид и други проекти

Производителот на лекови „Фајзер“ соопшти дека неговата фабрика во градот Роки Маунт во Северна Каролина, која е една од најголемите капацитети за стерилни инјекциски производи во светот, претрпела сериозна штета при торнадо.

Портпаролот на компанијата во соопштение испратено по електронска пошта потврди дека објектот во Роки Маунт е оштетен и дека производителот на лекови ја проценува ситуацијата за да го утврди влијанието врз производството.

Вработените во компанијата на лице место успеале да се евакуираат и се безбедни, се додава во соопштението.

Во овој објект се произведуваат речиси 30 проценти од сите стерилни инјекции што се користат во американските болници, како и антиинфективни, невромускулни блокатори, ампули и шприцови.

Објектот во Роки Маунт вработува над 4.500 луѓе, се наведува на веб-страницата на „Фајзер“.