ВИДЕО | ФЛОРИДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОПШТА ЕВАКУАЦИЈА – Исклучително опасен ураган се движи кон САД: “Внимавајте, ќе биде големо!“

Властите на сојузната американска држава Флорида во вторникот наредија евакуација на жителите на западниот брег пред пристигнувањето на ураганот Идалија, кој може да се зајакне и да стане „исклучително опасен“ пред да падне на копно во среда.

Ако ви кажат да се евакуирате, мора да го направите тоа веднаш“, порача гувернерот Рон ДеСантис на прес-конференција и нагласи: „Ќе биде голем ураган“.

слика
Подготовки за пристигнување на ураган во Флорида

Тропската бура Идалија преку ноќ стана ураган, соопшти Националниот центар за урагани на САД (NHC), додавајќи дека се очекува бурата брзо да се зајакне и да стане исклучително опасен и голем ураган пред да пристигне во среда.

„Големиот ураган“ е класификација што се однесува на оние урагани кои ја надминуваат категоријата 3 на скалата Сафир-Симпсон од вкупно 5.

Ваквите урагани најчесто предизвикуваат катастрофално уништување“, предупреди NHC.

Во времето на најновиот билтен на NHC, тропската бура Идалија се наоѓала на околу 440 километри југозападно од пристаништето Тампа на Флорида со силни ветрови до 140 км/ч.

Силен ветер што ја придружуваше Идалија ја погоди Куба во вторникот. Невремето со себе донесе обилни дождови кои резултираа со поплави, особено во Хавана.

слика
Поплава во Куба

Синоптичарите прогнозираат дека Идалија потоа ќе помине низ Мексиканскиот залив, каде во моментов се формира „морски топлотен бран“, фактор што ја зголемува јачината на ураганот.