ВИДЕО | ХАМАС ОСЛОБОДИ 13 ИЗРАЕЛСКИ ЗАЛОЖНИЦИ – Деца и жени се веќе во амбулантни возила на излез од Појасот Газа

Странските медиумски агенции соопштуваат дека терористичката организација Хамас ослободила 13 заложници од Појасот Газа.

Првата група израелски заложници сега се во рацете на персоналот на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст и се во амбулантни возила на излегување од Појасот Газа преку преминот Рафах“, изјавил израелски претставник, пренесува Times of Israel.

Тие ќе бидат ослободени во замена за 39 палестински затвореници што ќе ги ослободи Израел.

Овие жени и деца беа киднапирани на 7. октомври откако Хамас го изврши нападот врз Израел.

Се очекува заложниците да бидат донесени на преминот Рафах на границата со Египет.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа моменталната состојба на граничниот премин, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Дополнително, премиерот на Тајланд соопшти дека денес Хамас ослободил 12 нивни државјани, кои не биле дел од договорот меѓу Израел и Хамас.

Израелската Армија претходно денес соопшти дека „подготвила“ неколку локации за пристигнување на ослободените заложници и дека тие ќе бидат упатени во болниците за да се обединат со своите семејства откако ќе бидат прегледани.

За потсетување, ослободувањето на заложниците е дел од четиридневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.