Корисник на TikTok со прекар европско дете објави видео на кое се гледа како живеат богатите деца. Бил на вечера со татко му, а сметката била огромна.
Начин на плаќање? Тато
“Вашата сметка, вкупно 5925 евра. Како сакате да платите? Картичка, готовина?” рече келнерот, на што богатото дете рече: “Тато. Може ли да платам со татко ми?” После тоа, неговиот татко налутено ја зел сметката и младиот човек рекол: „Мојата физичка картичка е тука“.
Видеото за еден ден собра повеќе од осум милиони прегледи. „5.900 евра за вечера би ме држеле сит во наредните девет месеци“, „Тато се вика кредитната картичка“, „И јас би сакал моите родители да бидат ултра богати“, „Овој начин на плаќање е секогаш успешен“, се само дел од коментарите под видеото.
Претходно се лутеше на „хрватските гиро“
Инаку, ова момче по потекло од Грција е истиот оној кој се налутил кога пријателите на шега му кажале дека гирото е хрватско јадење додека бил на одмор во Далмација. „Не ми кажувај дека има хрватски гиро, не ме навредувај така. Гирото е грчко јадење“, се налутил младиот Грк. Клипот брзо стана апсолутен хит на TikTok.