(ВИДЕО) Хорор во Турција: Забележан е моментот кога се руши зграда по силен земјотрес, има и жртви

Два нови земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 се регистрирани доцна во понеделникот во јужната турска провинција Хатај, која беше најтешко погодена на 6 февруари во земјотресот кој однесе повеќе од 41.000 животи во Турција и 6.000 во соседна Сирија, соопшти турската агенција за спасување агенција АФАД.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека во новите земјотреси загинале најмалку три лица, додека 213 се повредени. Во соседна Сирија, каде што се почувствувани и земјотресите, повредени се 42 лица, соопштија спасувачките служби.

На социјалните мрежи се споделува видео од уривање на зграда по земјотресот во Хатај. Медиумите јавуваат дека многу луѓе останале под урнатините.

Првиот удар со јачина од 6,4 степени со епицентар во Дефне, област на петнаесет минути возење од Антакија, се случи во 20:04 часот (18:04 часот по средноевропско време) и беше силно почувствуван од тимовите на АФП во Антакија и Адана.

Три минути подоцна, уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Самандаг, крајбрежен град јужно од Антакија, објави АФАД.

Тлото се затресе и во околината на Алепо, на северозападот на Сирија, јавуваат новинарите на француската новинска агенција на местото на настанот, кои виделе жители како панично бегаат од своите куќи на улица.

„Се урнаа ѕидовите на оштетените згради“, додаде фотографот.

Земјотресот предизвика паника кај луѓето

И во Антакија земјотресот предизвика паника кај луѓето кои веќе претрпеа големи маки во земјотресот на 6 февруари и подигна големи облаци од прашина во разурнатиот град.

„Бев со АФАД, кој ги бара телата на нашите членови на семејството и пријателите, кога бевме изненадени од земјотресот. Не знаев што да правам“, рече тој.

„Се држевме и веднаш пред нас ѕидовите почнаа да се уриваат. Имавме впечаток дека земјата се отвора за да не проголта.“