ВИДЕО | Хутите започнаа масовна мобилизација по нападот на САД и Велика Британија: Илјадници луѓе со оружје во рацете се собираат во градовите низ Јемен

Хутите најавија итна мобилизација во областите на Јемен под нивна контрола.

Веста за мобилизацијата ја соопшти лидерот на бунтовниците Абдел Малек ал Хути по почетокот на американско-британскиот напад врз нивните територии.

Нашиот народ се префрли на воена мобилизација во повеќето провинции. Бројот на регрути е во илјадници“, изјави Абдел Малек ал Хути за тамошните медиуми и ги повика поддржувачите на движењето да продолжат со воената обука и демонстрациите и да донираат пари и покрај тешката ситуација.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека утринава голем број вооружени поддржувачи на шиитското движење излегле на улиците на градовите под контрола на Хутите, повикувајќи на одмазда.

САД и Велика Британија извршија 73 напади во Јемен, според Јахја Сарија, портпарол на вооружените сили на движењето Хути.

Американскиот и британскиот непријател, како дел од нивната поддршка за израелските злосторства во Појасот Газа, започнаа брутална агресија против Република Јемен, изведувајќи 73 напади врз главниот град Сана и провинциите Худајда, Таиз, Хаџ и Сада“, напиша Јахја Сарија на својот профил на социјалната мрежа Х (Твитер).

Јахја Сарија додава дека во нападите загинале пет борци на движењето.

Хутите тврдат дека извршуваат одмазднички напади врз американските и британските воени бази и објекти и дека успеале да потонат американски воен брод во Црвеното Море во ракетен напад, но нема докази за поддршка на таквите тврдења.

Соединетите Американски Држави и Велика Британија ќе жалат што започнаа операција против Јемен“, изјави Хузам ал Асад, член на политбирото на движењето Хути.

Нашите вооружени сили се добро подготвени, а агресорите ќе жалат за агресијата врз јеменскиот народ“, напиша Хузам Ал Асад на социјалната мрежа Х (Твитер).