Нападната американската воена база: Одмазда за нападот на позициите на Хутите! Целиот регион полека тоне во тотален хаос

Американската воена база кај гасното поле Конико во Сирија е под ракетен напад!

Нафтеното поле Конико се наоѓа во провинцијата Деир ез-Зор во источна Сирија.

– Шест проектили беа истрелани врз американската база на гасното поле Конико. Две ракети паднаа на територијата на полето, а останатите на соседната територија – изјави локален извор од РИА Новости.

По нападот во огнената зона патролираат американски напаѓачки хеликоптери.

Од почетокот на ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт, американските бази кои ја предводат меѓународната коалиција во Ирак и американските трупи во Сирија се редовно мета на напади, за кои одговорноста ја преземаат вооружените шиитски групи кои дејствуваат во Ирак.

Американската војска контролира области во источна и североисточна Сирија каде што се наоѓаат најголемите наоѓалишта на нафта и гас во Сирија. 

Портпаролот на движењето Хути, Јахја Сарија, вели дека САД и Велика Британија извршиле 73 напади во Јемен за време на ноќниот напад и дека во таа прилика биле убиени пет цивили. Нападнати се командни пунктови и контролни центри, магацини за муниција, производствени капацитети, радари…

Мета беа јеменскиот главен град Сана, крајбрежниот град Ал Худајда, Таиз и Сада.