ВИДЕО | Човек го отворил контејнерот а од него излегла голема мечка! Снимката се шири на Интернет а реакцијата е хаотична – двајцата се исплашиле еден од друг и побегнале на различни страни

Директор на основно училиште исплашено побегнал откако мечка скокнала од школски контејнер во Западна Вирџинија, САД, објавува медиумската агенција Reuters.

Она што ја направило средбата уште пошокантна е тоа што човекот ја отклучувал шипката на контејнерот, која била ставена токму поради мечката, која требало да го спречи ова животно да влезе во контејнерот. Оваа безбедносна мерка очигледно не успеала, а мечката влегла во контејнерот и скокнала кога директорот се обидел да го отвори истиот.

Безбедносните камери го уловиле моментот како човекот бега од животното, а мечката исто толку брзо побегнала во друга насока, навидум исплашена.

Го сакам дивиот свет и мечките, но повеќе ги сакам од далечина. Надзорното видео подоцна покажа дека мечката влегувала и излегувала од контејнерот цел викенд за да вечера. Претпоставувам дека имала добар оброк и дремка таму“, изјави директорот Џејмс Марш за локалните медиуми.

Инаку, училиштето и претходно имало проблеми со влегувањето на мечките во контејнерот откако излегле од хибернација, што довело до поставување на специјална шипка на контејнерот.