“НЕ ДОАЃАЈ БИДЕЈЌИ ЌЕ МОРА ДА ТЕ УАПСИМЕ!“ – Јасна порака до Владимир Путин од земја-членка на БРИКС! Рускиот ‘цар’ не може да отиде подалеку од неговата фотелја во Кремљ !?

Јужна Африка ќе го покани претседателот на Русија, Владимир Путин, да присуствува на самитот на БРИКС преку платформата Zoom, наместо лично, откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.

Јужна Африка ќе побара од претседателот Владимир Путин да присуствува на клучниот самит на БРИКС преку Zoom, наместо лично, откако властите побара правен совет за своите обврски да го уапси рускиот претседател, кој е обвинет од МКС за воени злосторства“, соопштуваат државните органи на оваа земја.

Владимир Путин бил поканет на самитот на лидерите на петте земји: Бразил, Русија, Индија, Кина и домаќинот Јужна Африка, но МКС во меѓувреме издаде налог за негово апсење.

Јужна Африка е една од земјите што го потпишаа Римскиот статут кој ја обврзува да ги почитува одлуките на Меѓународниот кривичен суд.

Минатата недела претседателот на Јужна Африка назначи специјален владин комитет на чело со потпретседателот на земјата, кој треба да ги проучи опциите на властите за издавање налог за апсење на Владимир Путин, по евентуално негово пристугнување во оваа земја.

Според изворите на весникот Sunday Times, комитетот нема да може да најде други опции, освен учество на Владимир Путин на самитот преку видео-конференција од Москва, бидејќи во спротивно ќе мора да го уапсат.

Инаку, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса неодамна изјави дека владејачката партија во неговата земја, Африканскиот национален конгрес, одлучила да ја повлече Јужна Африка од Меѓународниот кривичен суд, кој минатиот месец издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Ова не е прв обид на Јужна Африка да го напушти МКС. Земјата се обиде да го стори тоа во 2016 година, откако го игнорираше налогот за апсење од 2015 година за поранешниот судански претседател Омар ал-Башир.

Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, прогласувајќи го за виновен за незаконско депортирање на илјадници деца од Украина во Русија.

Издавањето на потерницата значи дека Владимир Путин би можел да биде уапсен доколку отиде во која било земја членка на Меѓународниот кривичен суд.