ЖИГОЛО ОТКРИ КАКО ЈА ЗАДОВОЛУВА СЕКОЈА ЖЕНА: Еве како ги полудува

Британецот Алекс речиси дваесет години работи како жиголо, а неодамна на локалните медиуми им го откри најдобриот совет за добар, страстен секс.

Овој 41-годишник, кој на медиумите им даде лажно име за да остане анонимен, признал дека ја сака својата работа, но луѓето биле изненадени што и неговата сопруга ја одобрува!

Aлекс дури завршил и факултет и работи како градежен инженер, но на 25 години почнал да гради паралелна кариера – машка проститутка. Тој со години ужива во оваа улога и тврди дека нема намера да престане.

“На мојата сопруга тоа и одговара“. И двајцата сме моногамни. Се знаеме толку години. Таа е мојата најдобра другарка. Таа може да се пошегува за тоа како помагам да преживеат туѓите бракови, јас само ги задоволувам жените. Не зборуваме многу за мојата работа. За неа тоа е сосема во ред”, изјави тој за Дејли Мејл.

секс

Сепак, Алекс истакнува дека би размислувал да ја напушти оваа професија доколку тој и неговата сопруга имаат дете, за да има повеќе време да и помогне во одгледувањето и воспитувањето. Тој истакнува дека за своите услуги наплаќа 200 фунти на час, додека една ноќ со него чини дури 1.500 фунти.

Овој маж очигледно има големо искуство во спалната соба, па решил на мажите да им го даде најкорисниот совет за успех во интимните врски. Алекс вели дека клучот за добар секс е да се биде отворен и искрен и да се открие што сака вашиот партнер и во што би можеле и двајцата да уживате.