ВИДЕО | Јавноста мислеше дека нивната врска е лага, но овој момент го докажа спротивното: Камерите ја “уловија“ најмладата милијардерка и ријалити-ѕвезда во интимен момент со познат актер

Младиот актер Тимоти Шаламет во неделата ја донесе својата девојка, ријалити-ѕвездата и претприемач Кајли Џенер, како придружничка за време на церемонијата на доделување на наградите „Golden Globes“ за 2024 година, а за време на вечерата си разменија низа нежности. Се разбира, камерата снимила сè, пишува Daily Mail.

слика
Тимоти Шаламет и Кајли Џенер

Оваа 27-годишна ѕвезда од филмот „Wonka“ пристигна сам на церемонијата, но подоцна во салата на масата му се придружи и неговата девојка. Кајли Џенер изгледаше неверојатно во црн фустан со светки, тантела и отворен грб, а Тимоти Шаламет изгледаше одлично во „скромен“ црн костум. На видео-снимките од шоуто на наградите се гледа како парот разговара, се смее, па дури и споделува слатки бакнежи во текот на целата церемонија.

По неколку месеци гласини, парот ја потврди својата романса пред публика на концертот на Бијонсе во септември. Додека Кајли Џенер обично излегуваше со рапери, обожавателите беа збунети околу нејзината врска со холивудската ѕвезда. Откако видео од нивното „дружење“ стана вирално, многу обожаватели побрзаа да ги споделат своите размислувања, а некои признаа дека не им верувале на романтичните гласини додека не ги виделе фотографиите и видео-снимките. Други сметаа дека целата романса е лажна.

Што се однесува до Кајли Џенер, таа го напушти раперот Тревис Скот кон крајот на 2022 година, а во петте години од нивната врска, поранешната двојка доби две деца, 5-годишната ќерка Сторми и едногодишниот син Ајре. Во меѓувреме, Тимоти Шаламет со години уживаше во многу романси, па го поврзуваа со Еиза ГонзалесЛили-Роуз Деп и ќерката на Мадона, Лурд Леон.