ДРАМАТИЧНИ ПРОГНОЗИ ЗА 2024 ГОДИНА – Климатолозите загрижени: “Ќе биде потопло од рекордната 2023 година – не очекуваат пеколни температури!“

Научниците долго време очекуваа дека 2023 година ќе биде најтопла година во историјата, поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор и климатскиот феномен Ел Нињо. Денеска научниците предупредија дека 2024 година може да биде уште пожешка од претходната година.

Агенцијата за климатски промени на Европската унија, Copernicus („Коперник“), денеска потврди дека 2023 година е навистина најтоплата година од 1850 година – тренд што беше нашироко предвидуван пред крајот на годината бидејќи беше исклучително топло.

Просечната глобална температура на воздухот во 2023 година беше 14,98 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2016 година со „широка разлика“ од 0,17 степени Целзиусови.

Copernicus откри дека 2023 година во просек е 1,48 степени потопла од пред-индустриското ниво, кога луѓето почнале да горат фосилни горива во голем обем.

Топлина, летни горештини, лето, горештини, тропски горештини, топлотен бран, илустрација

Карло Буонтемпо, вработен научник во Copernicus, го нарече драматично сведоштво за тоа колку сме сега далеку од климата во која се развивала нашата цивилизација.

Но, научниците сега веруваат дека овој рекорд би можел повторно да биде соборен многу брзо, а нивните прогнози сугерираат дека 2024 година би можела да биде уште потопла, што ќе донесе уште поекстремно време од минатата година, пренесува Sky News.

Copernicus соопшти дека е „веројатно“ 12-месечниот период кој завршува во јануари или февруари оваа година да надмине 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Минатогодишниот соборен рекорд е знак дека светот се приближува до 1,5 степени на затоплување – нивото на кое земјите се согласија да се стремат според договорот од Париз, по што климатските влијанија стануваат уште потешко да се прилагодат.

Претходните извештаи веќе ги „обвинија“ температурите на воздухот за влошување на шумските пожари во источна Канада, сушата во Африка и интензивните дождови и топлотните бранови во Велика Британија.