ФОТО | СИТЕ СПОРТИСТИ ЛУДУВААТ ПО ОВАА ДЕВОЈКА – Ова е вистинска “стапица“ за милионерите: Изгледа совршено, но никој не може да ја допре, а вистината за нејзе е нереална !?

Емили Пелегрини е прогласена за најзгодната девојка од кога се појави на социјалната мрежа Инстаграм. Како таква, таа полуде многу мажи, богати луѓе и спортисти. Тие и нудат состаноци, патувања, љубов…

Девојка со големи облини, тесен струк, долга кафена коса и шармантна насмевка е вистинска мамка за фудбалерите, ММА борците и милијардерите кои и испраќаат различни понуди за поминување заедничко време во хотели со пет ѕвезди, накит и автомобили.

Но, има еден улов. Емили Пелегрини не е вистинска личност! Да, добро прочитавте.

Емили Пелегрини е модел генериран од вештачка интелигенција. Нејзините реалистични видеа, фотографии на кои таа се смешка се создадени од вештачката интелигенција, која на нејзиниот креатор му донесе 10.000 долари за само шест недели откако Емили Пелегрини се појави на социјалната мрежа Инстаграм.

Го прашав Chat GPT како изгледа девојката од соништата на просечниот маж и пишуваше кафена коса, долги нозе, па ја направив токму онака како што пишува“, изјавил креаторот за Daily Mail.

Целта беше да ја направам допадлива и привлечна. Сакав да биде што е можно пореална. Многу е интересно како мажите контактираат со неа. Преку Инстаграм, таа добива директни пораки од навистина познати луѓе, како фудбалери, милијардери, ММА борци и тенисери. Мислат дека е вистинска. Ја канат во Дубаи да ги помине празниците со нив“, објаснува креаторот.

Инспириран од добриот успех на Емили Пелегрини, нејзиниот креатор ја создаде и нејзината сестра Фиона, која веќе има над 30.000 следбеници на Инстаграм. Колку навистина изгледа реално Емили Пелегрини можете и сами да погледнете ОВДЕ.