ВИДЕО | “ЌЕ МУ ГИ ИЗВАДИМЕ ЗАБИТЕ НА ЕМАНУЕЛ МАКРОН!“ – Евгениј Пригожин полуде откако француското собрание го прогласи Вагнер за терористичка организација и жестоко се закани

Националното собрание на Франција во вторникот гласаше за прогласување на руската паравоена единица Вагнер за терористичка организација.

За резолуцијата, која е необврзувачка, гласаа сите присутни пратеници во парламентот, вкупно 331, а со неа се повикува Европската унија да го вклучи Вагнер во списокот на терористички групи и да примени законски мерки за оневозможување на финансиската активност на организацијата во Европа.

Во април минатата година ЕУ го санкционираше првиот човек на Вагнер, Евгениј Пригожин, а одлуката на францускиот парламент дополнително го изнервира „готвачот на Владимир Путин“.

Коментирајќи ја таа одлука, Евгениј Пригожин во средата директно му се закани на францускиот претседател Емануел Макрон.

Како одговор на прашањето на руските новинари, Евгениј Пригожин тврдеше дека Вагнер ги спасува луѓето во Централна Африка од француските војници, каде Вагнер стекна силно упориште и го истисна француското присуство, кое „едноставно го исмевало“ локалното население.

Можеме со клешти да ги извадиме скапаните заби од тие одвратни усти. Можеме да ги извадиме забите на Емануел Макрон и, воопшто, забите на секој што истура болна нечистотија за Вагнер“, нагласил Евгениј Пригожин.

Во својот апел до ЕУ, француските пратеници изјавија дека – „Вагнер не се само платеници, туку дека имаат волја да масакрираат цивили за политичка корист и да ги дестабилизираат институциите“.

Платениците на Вагнер презедоа активна улога во целосната инвазија на Кремљ на Украина и покрај тековниот јавен политички конфликт меѓу Евгениј Пригожин и руските претставници на одбраната.