ДРАМА ВО ГЕРМАНИЈА – Пукање во фабриката на автомобилскиот гигант Мерцедес: Има мртви, полициски хеликоптери го надлетуваат реонот, а напаѓачот бил веднаш уапсен

Германските медиуми објавуваат дека во фабриката на Mercedes-Benz во германскиот град Синделфинген имало пукање.

Како што објави Bild, едно лице го загубило животот, а едно е тешко повредено.

Според портпаролот на тамошната полиција, сторителот (53 г.) на делото е уапсен.

Неколку вработени во Mercedes-Benz кои ја напуштиле фабриката изјавиле дека нападот наводно бил насочен кон лидерите на тимот, а пукањето било во реонот на канцеларијата на лидерот на тимот.

Полицијата примила итни повици околу 07:45 часот по локално време, а група за специјални операции ја опколила областа. Спасувачите се на терен со голем контингент – вклучувајќи два хеликоптери и неколку болничари.