ВИДЕО (18+) | Страшна снимка од фронтот во Украина се појави на Интернет: Погледнете како Русите со секира измачуваат украински војник кој храбро одбива да ги предаде позициите на неговите колеги: “Ова е ужасно за гледање…“

Нова вознемирувачка видео-снимка од фронтот во Украина се појави на Интернет, а истата го покажува момент кога војници принудуваат затвореник да сведочи откако му се заканувале со секира и му ја бутнале цевката од пушка во уво.

Одредени руски профили на социјалната мрежа Телеграм објавија болна видео-снимка од злоупотреба на наводен украински воен заробеник. На видеото се гледаат најмалку тројца војници или платеници кои наводно припаѓаат на руските сили кои бараат од затвореникот да ги открие позициите на неговите колеги војници на линијата на фронтот.

Се верува дека ужасниот инцидент се случил во неделата, веројатно во близина на селото Новоселовка, северно од Сват во источна Украина. Според неофицијални информации, заробениот војник бил член на диверзантска група која се обидела да нападне руски позиции.

Војниците бараат од затвореникот да го открие рангот на неговиот командант и позициите на украинските трупи.

Не знам кој е на тие позиции… Не знам кој точно останува на тие позиции“, вели преплашениот затвореник, а потоа се гледа како војник го удира со главата на секира со долга рачка.

Ако не ги покажеш позициите ќе ти скршам кичма, ќе те пратам дома како инвалид, разбираш ? Ќе си одиш дома како инвалид! Дали ме разбираш“, го прашува еден од војниците што држи секира во рацете и му се заканува на наводниот украински војник.

Тоа е најдоброто сценарио за тебе. Цел живот ќе го поминеш во инвалидска количка. Слушна ли ?“, го прашува друг војник затвореникот, на што тој исплашено одговара: „Да, да, да, да, да“.

Еден од војниците потоа му ја стави својата пушка на лицето на заробеникот.

Ако не ни дадеш позиции, овој куршум ќе ти излезе од другото уво. Дали ќе ни ги покажеш позициите ? Ако направиш грешка, куршумот ќе ти помине низ уво“, се слуша на видеото.

Засега не се знае судбината на заробениот војник.

Независниот руски медиум Agency соопшти дека сè уште не може да ја потврди автентичноста на видеото.

Ако видеото навистина покажува како руски војници мачат украински затвореник, тоа што се случува може да се смета за воено злосторство. Членот 17 од Женевската конвенција за постапување со воените затвореници забранува секаква физичка или психичка тортура или други присилни мерки против воените затвореници со цел да се добијат информации за нив“, наведува Agency.

Видеото за прв пат беше видено на провоен руски профил на социјалната мрежа Телеграм управуван од ултранационалистот Владислав Поздњаков (32 г.).

Вака се кршат затворениците. Еден припадник на вооружените сили на Украина, кој како дел од диверзантско-извидувачка група пред еден час се обиде да убие наши луѓе, зборуваше пред камера кога ја виде секирата. На крајот, солзи и хистерија“, напишал Владислав Поздњаков во објавата.

Украинскиот веб-портал Focus наведува дека на видеото се гледа човек кој најверојатно е украински воен заробеник, но засега нема ниту една официјална потврда за автентичноста на видеото.