ВИДЕO | НИТУ ТОЈ НЕ ОЧЕКУВАШЕ ДЕКА ОВА ЌЕ МУ УСПЕЕ – Новак Ѓоковиќ изведе магија на теренот: Неговиот поен и реакција се вистински хит

Новак Ѓоковиќ по голема борба се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз! Светскиот рекет број еден го совлада Талон Грикспор од Холандија со 4:6, 7:6, 6:4.

Новак Ѓоковиќ повеќе од два и пол часа се мачеше со својот ривал, но и со тешки услови. Салата „Берси“ буквално „гореше“, а очигледно тоа му донесе одредени здравствени проблеми на Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ во неколку наврати се мачеше да дојде до бодови и секако неколку пати ја демонстрираше својата магија.

Баш така беше кога успеа да изведе перфектно шут од волеј на линијата, ударот беше толку совршен што дури и самиот успеа да се импресионира.

Неговата реакција стана хит на социјалните мрежи, а како изгледаше погледнете во видеото ОВДЕ.