СИТЕ СЕ ПРАШУВААТ КОЈА Е ТАЈНАТА !? Зачекори во 40-тата година од животот, а се уште е незаменлив: Ѕвездата на Челзи го откри рецептот за долговечност

Прославениот бразилски дефанзивец Тиаго Силва пристигна во Челзи пред три години и иако неодамна го прослави 39. роденден, сепак е незаменлив на „Стемфорд Бриџ“.

Во интервју за весникот The Guardian одличниот фудбалер ја откри тајната на својата долговечност.

За неговата кариера се грижи тим од седум луѓе. Бразилецот има личен доктор, физиотерапевт, нутриционист, менаџер, адвокат, ПР менаџер и личен тренер. Тиаго Силва го гледа тоа како добра инвестиција и главната причина поради која неговата кариера трае толку долго.

Денес младите ја гледаат ваквата инвестиција како непотребен трошок. Мислат дека тоа е губење пари. Мислат дека трошат пари со тоа што плаќаат експерт да им помогне. Мислам дека е токму спротивното, тоа е инвестиција“, верува Бразилецот.

Тиаго Силва потоа ја опиша својата дневна рутина.

Се будам околу осум наутро и сум во тренинг кампот до 8:45. Пристигнувам, пијам кафе, правам што треба пред тренинг, а потоа следи тренинг. Закрепнувам во клубот после тренинг. Потоа одам дома и се одморам во хипербаричната комора два часа. Се будам и мојот тим од експерти се подготвува да продолжи со опоравувањето. Има храна, попладневна ужина и вечера, суплементи…“, открива Тиаго Силва.

Тој додаде дека денес тренира многу помалку од порано, но дека е многу повеќе посветен на закрепнувањето.

Да потсетиме, Тиаго Силва во кариерата настапуваше за ПСЖ, Милан, Порто, Динамо Москва и Флуминенсе.