ВЕСТА КОЈА СО НЕТРПЕНИЕ ЈА ОЧЕКУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ – Вујкото на Рафаел Надал открива детали: Еве кога “Бикот од Мајорка“ се враќа на терените

Рафаел Надал најави враќање на тенисот на Австралија Опен во 2024 година по повредата, но се уште ништо не потврди.

Љубителите на тенисот ширум светот со нетрпение го очекуваат враќањето на Шпанецот и се надеваат дека тој ќе може да експлодира и повторно да ја покаже огнената енергија што го красеше во текот на неговата кариера.

Сепак, Рафаел Надал нема играно од овогодинешниот Австралија Опен и во моментот на неговото потенцијално враќање ќе биде точно една година без тенис. Тоа веќе доведе до сериозен пад на АТП листата, па доколку „Бикот од Мајорка“ се врати во Мелбурн поради лош пласман, би можел да налета на еден од првите носители веќе во првото коло.

Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал, вели дека тоа би можело да биде проблем.

Тој е свесен дека ситуацијата е комплицирана. Ако успее да стигне до Австралија, нема да биде лесно да се натпреварува со дополнителен проблем. Тој нема да биде прв носител и од самиот старт би можел да се соочи со врвен играч. Кога Рафаел Надал игра Грен Слем и се сретнува со ‘прифатлив’ ривал на почетокот, добива замав и станува опасен од четвртфиналето“, изјавил Тони Надал за шпанските медиуми.

Враќањето на Рафаел Надал е сè уште под знак прашалник и Тони вели дека неговиот внук се обидува да се врати на теренот.

Мојот внук се обидува да внимава. Верувам дека треба да биде во добра форма за да игра на Австралија Опен. Се оди добро, го видов како тренира. Секој ден е се подобар. Долго беше надвор од терените поради повреда, но тоа е во ред. Во врвниот спорт, на крајот на краиштата, речиси е задолжително да се игра со болка, за жал, телото го туркате до крај“, истакнува долгогодишниот тренер на Шпанецот.