УЕФА ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА БАРСЕЛОНА – Актуелниот шампион на Шпанија ќе мора да плати драконска казна

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја отфрли жалбата на фудбалскиот клуб Барселона против казната од 500.000 евра поради погрешно известување за финансиски надзор, соопшти УЕФА.

Финансискиот совет на УЕФА ја изрече казната во јули, откако Барселона пријави приход во 2022 година од отуѓување на нематеријални средства (освен трансферите на играчи) што не се релевантни за приходите според прописите.

УЕФА не ги прецизираше деталите за приходите за кои е казнет актуелниот шампион на Шпанија.

Во јуни 2022 година, Барселона склучи договор вреден 207 милиони евра со инвестицискиот фонд Sixth Street во замена за 10 отсто од приходите од домашните права за емитување во текот на 25 години.