„Видов работи кои никогаш нема да можам да ги заборавам“ Новинарот на колена горко плачеше поради сцените од болницата во Газа (ВИДЕО)

Арапскиот известувач на Би-Би-Си, Аднан Ел-Бурш, паднал на колена додека известувал од болницата во Газа, откако видел голем број пријатели и соседи меѓу загинатите и ранетите во израелските бомбардирања.

Тој ја опиша ситуацијата во болницата Ал-Шифа, најголемата медицинска установа во радиус од 40 километри, како трауматична. Тела има насекаде, а повредените молат за помош.

Цо еден дел од прилогот од болницата новинарот признава: „Видов работи кои никогаш нема да можам да ги заборавам“.

Во еден дел од видеото, млада девојка со крваво лице седи во болнички кревет, и покриена со прашина плаче додека лекар и’ ги прегледува нозете.

Ел-Бурш открива дека го изгубила својот дом и дека нејзините роднини се убиени.

Меѓу ранетите, камерманот Махмуд го видел својот пријател Малик, кој преживеал, но неговото семејство не.

„Ова е мојата локална болница. Внатре се моите пријатели, моите соседи, ова е мојата заедница. Денес беше еден од најтешките денови во мојата кариера“, рече Ел-Бурш.

Израел ја бомбардира Газа како одмазда за нападите на Хамас во јужните израелски градови во кои загинаа најмалку 1.300 луѓе оваа недела. Во бомбардирањата загинаа најмалку 1.500 Палестинци, а Израел размени оган и со либанската група Хезболах.

,,Хјуман рајтс воч” известува дека забележале „повеќе воздушни напади од артилерија од бел фосфор истрелани над пристаништето во градот Газа и две рурални места долж израелско-либанската граница“.

Оружјето со бел фосфор може легално да се користи на боиштата за создавање димни завеси, создавање осветлување, обележување цели или палење бункери и згради. Бидејќи има легална употреба, белиот фосфор не е забранет како хемиско оружје според меѓународните конвенции, но може да предизвика сериозни изгореници и да предизвика пожари.

Белиот фосфор се смета за запаливо оружје според Конвенцијата за забрана на употреба на одредени конвенционални оружја, која забранува употреба на запаливо оружје против воени цели лоцирани меѓу цивили, иако Израел не е потписник на тоа и не е обврзан со него.

Запрашана да ги коментира наводите, израелската војска рече дека „во моментов не знае за употребата на оружје што содржи бел фосфор во Газа“.